Почина Трајче Черепналковски, првиот генерален директор на МЕПСО
На 70-годишна возраст, вчера, на 6 април ненадејно почина Трајче Черепналковски, долгогодишен директор на телекомуникацискиот оператор – НЕОТЕЛ.
Черепналковски управуваше со НЕОТЕЛ повеќе од 15 години и ја водеше компанијата низ сите предизвици, успевајќи да ја етаблира во реномиран и доверлив партнер како на домашно така и на интернационално ниво. Освен како управител во НЕОТЕЛ, беше постојан член на Одборот на директори на АД НЕОКОМ. Својата богата професионална кариера ја започнува во енергетскиот сектор во Електростопанство на Македонија (ЕСМ) и воедно беше првиот генерален директор на Оператор на електропреносен систем на Република Македонија (АД МЕПСО).
Ќе биде запаметен како исклучително скромен и ведар лидер кој несебично се залагаше за својот колектив. Беше човек кој неуморно се залагаше да помогне кога е најпотребно.
Погребот ќе се одржи во сабота 8 април, во капела од 12:00 до 13:00, на градските гробишта „Бутел“ во Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…
Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…
РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…
АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…
Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…
(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…
Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…
ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…