Почина хрватската новинарка, писателка и колумнистка Ведрана Рудан
Хрватската писателка и новинарка Ведрана Рудан почина денес на 77-годишна возраст.
Тажната вест ја потврдија извори блиски до неа, откако утрово на нејзиниот профил на Фејсбук беше објавено дека таа заминала во област без сигнал.
На официјалната страница на Фејсбук на хрватската писателка и новинарка беше објавена кратка порака.
„Ведрана замина во област без сигнал“, беше објавено на официјалната веб-страница.
Ведрана Рудан, хрватска писателка, новинарка, колумнистка и активистка, на почетокот на мај 2024 година објави дека боледува од рак.
Во последните години, Рудан јавно зборуваше за своето здравје и за борбата со ракот, а нејзините објави често привлекуваа големо внимание во јавноста.