Почина хрватскиот ракометар Денис Тот

t

Пред околу eден час почина хрватскиот ракометар кој играше за тимот на „Бутел“ откако вчера во лоша здравствена состојба заврши во Клиничкиот центар на КАРИЛ.

Според информациите на Инфомакс тој престанал да покажува значи на живот попладнево откако лекарите во текот на целата ноќ се бореа да го спасат неговиот живот.

Првичните информации беа во насока дека ракометарот Денис Тот бил нападнат и претепан па со тешки повреди завршил на Клиника.

Сепак од МВР демантираа дека Тот имал видливи повреди по своето тело, а според информациите од полицијата тој завршил во болница без срцева акција, а потоа бил реанимиран.

Од ургентен потврдија дека тој по телото немал видливи знаци на насилство и дека завршил во болница без пулс.

-Донесен е во Ургентен без срцева акција и вратен е во живот. Не можеме да знаеме што се случило претходно ама нема знаци на видливо насилство. Критична е состојбата уште, изјави доктор Мојсова Мијовска.

Како што дознаваме родителите на Тот во моментов се на пат кон Македонија и ќе бараат да биде извршена обдукција за да се открие причината за смрт.

Сомнително е што се избришани во целост камерите од дискотеката во која се наоѓал Тот во моментот кога се влошила неговата здравствена состојба. Неофицијалните информации на Инфомакс велат дека тој сепак на себе имал траги на насилство, а бил тепан и внатре и надвор од дискотеката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од пеколна жештина до пороен дожд и…

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде метеоаларм…

Гилотина е пронајдена во камион во близина…

Во САД, 35-годишен маж беше уапсен откако…

Комарец бил кобен патник: двајца вработени на…

Двајца работници на аеродромот во Франкфурт, Германија,…

Француски суд утврди дека радиоактивност е причина…

Француски суд за првпат го призна космичко…

Заменик-секретарот за одбрана на САД в четврток…

Високи европски дипломати ќе се обидат утре…