Почнаа да ги менуваат резултатите од пописот: За ова се оди 5 години во затвор!

t

-Криминалците од власта ги корегираат резултатите од пописот во од и си измислуваат бројки!

Од првични 355 атеисти, сега станаа 8.764?!

Има ли поголем доказ од ова за каков фалсификат се работи!?

Каков е овој попис, по нарачка ли? Ова е невиден скандал!

Оваа лакрдија веднаш да се поништи!

Сите ќе одговарате!

#ПописенФалсификат, пишува на Фејсбук пратеникот на Левица, Борисла Крмов.

На објавата на пратеникот на Левица се надоврза претседателот на Левица, Димитар Апасиев истакнувајќи дека за такво кривично дело се оди пет години во затвор.

-Директорот на ДЗС е фатен на дело како врши “корекции”, фризирања и доштимувања на пописните резултати, откако никој нормален не ги призна…

А за тоа, се иде у затвор минимум 5 годинки.

p.s. Како се напенали, Апостолееее, пиува на Фејсбук Апасиев.

Инаку се работи за скандал на сајтот на Државниот завод за статистика.

Дали се работи за намерно променети резултати или само системска грешка, не е познато, но сите 8.764 евангелско протестантски христијани преку ноќ се ставени во групата атеисти.

-СКАНДАЛ на сајтот на Државен завод за статистика!
Намерно променети резултати или само системска грешка, не знам, ќе видиме во понеделник, но гледам дека сите 8.764 евангелско протестантски христијани заедно сме се откажале од верата и преку ноќ сме станале атеисти!

Ај што дел нè пишуваа протестанти, дел евангелисти, а дел она генеричко „христијани“, со ова излегува дека оние илјадници и илјадници што мака измачија да им објаснат на попишувачите како да отворат нова графа и да бидат заведени како евангелско протестантски христијани, на крај пак би можело да завршат како атеисти.

Искрено се надевам дека ова е само системска грешка и ќе има корекција, во спротивно – некои луѓе ќе имаат многу за објаснување, пишува на Фејсбук Отец, Филип Иванов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Велика Британија зголемена стапката на смртност…

Во Велика Британија по завршувањето на пандемијата,…

Eве која е најдобрата замена за кафето

Ко би пиеле чај колку и кафе,…

Нетанјаху: Ќе ги научиме лекциите, но часовникот…

Но, нагласи тој, копнената операција на ИДФ…

Херзи Халеви, ја презеде одговорноста за убиството…

Заложниците беа убиени иако вееја импровизирано бело…

Голем е Синиша Михајловиќ: Одличен гест од…

Фудбалерите на Сампдорија на денешната средба од…