Почнаа дестабилизацијата?! Ученици од Куманово натепани додека чекале превоз кон дома
Група средношколци кои чекале училишен превоз вчеравечер биле физички нападнати од друга група во центарот на Куманово, пренесува порталот Кумановски Муабети.
Според неофицијални информации група со фантомки кои преходно вербално провоцирале ги нападнале учениците кај автобуската постојка кај Серава.
Од полицијата со кратко соопштение без многу детали информираат дека татко пријавил оти негов син и негови пријатели биле нападнати.
– На 02.12.2024 во 21.25 часот во СВР Куманово, Т.А.(43) од Куманово пријавил дека на булевар „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, неговиот малолетен син и неговите пријатели биле физички нападнати од неколку лица, кои употребиле и тврди предмети, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Според информации на Кумановски Муабети, во пресметката користеле боксирачи, при што му нанеле повреди на ученикот кој побарал лекарска помош во болница.
Неофицијално станува збор за инцидент со меѓуетнички предзнак, но засега ниту една од институциите тоа не го потврдува.
Претходно прв за овој настан во Куманов пишуваше „Кумановска Горила“ кој обвини дека полицијата се обидува да го сокрие случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скандал во САД: ФБИ ја претресува куќата…
ФБИ изврши рација во домот на поранешниот…
Британската метеоролошка служба предупредува: 2027 година ќе…
Британската метеоролошка служба предупреди дека Ел Нињо,…
Уништени над 45 од 112 новопоставени столбови…
Здружение за Одржлив Развој САТ – Скопје…
Џорџа Мелони мислела дека ќе ѝ оди…
Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска призна дека…
Натепана 80 годишна жена во сопствениот дом…
На 20.08.2026 во 12:45 часот во Полициското…