Објавено на:

Почнаа минусните температури, во овој град утрово беа измерени -3 степени

t

Денеска за прв пат беа измени минусни температури во Македонија. Утрово во Берово беа измерени -3 степени и со тоа беше единственото место во државата каде температурата се спушти под нулата. За разлика од Берово, најтопло беше во Охрид, Виница, Крушево и Попова Шапка каде температурате изнесуваше шест степени.

Температурите во другите места низ Македонија изнесуваа: 0 степени во Битола, 1 Лазарополе, 2 Скопје – Петровец, Тетово, Струмица, Маврови Анови, 3 Крива Паланка, Велес, Куманово, Демир Капија, 4 Штип, Прилеп, Гевгелија, 5 Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Претор, 6 Попова Шапка, Крушево, Виница, Охрид.

Во текот на денот ќе биде претежно сончево. Ќе дува слаб ветер од јужен правец, а максималната температура ќе биде и до 24 степени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ХАМНЕИ ИЗДАДЕ ДИРЕКТНА НАРЕДБА ДО АРМИЈАТА: На…

Иранскиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи издал стратешки…

Граѓаните чуваат 7,4 милијарди евра во банките,…

Граѓаните во земјава чуваат 7,4 милијарди евра,…

(Видео) Редици српски граѓани пред експозитурите на…

Редици српски граѓани застанаа пред експозитурите на…

МВР откри интернет измама со стотици оштетени…

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика…

Кражбата на 6,3 милијарди долари од Binance:…

Се сомнева дека Северна Кореја стои зад…