Почнаа најголемите воени вежби во историјата на НАТО
Повеќе од 20 земји-членки на НАТО, 10.000 војници и околу 250 авиони, вклучувајќи го и најновиот Ф-35, ќе учествуваат во најголемата воздушна вежба во историјата на алијансата Ер дефендер 23, која започна во Германија, пренесува Блумберг.
Агенцијата забележува дека небото на Германија ќе биде „полно со авиони“ речиси две недели, а вежбите, меѓу другото, треба да ја покажат и силата на алијансата. Во нив ќе учествуваат четири воздушни бази во Германија и две во Холандија и Чешка. Областите за вежбање ќе бидат затворени за цивилен воздушен сообраќај, принудувајќи ги авиокомпаниите да ја пренасочат рутата.
Вежбите ќе траат до 23 јуни. Во нив, покрај земјите членки на НАТО, учествуваат и партнерите од воениот блок – Јапонија и Шведска, објаснува Франс24.
Според генералот Мајкл Ло, директор на американската Воздухопловна национална гарда, мисијата на НАТО во моментов е на „пресвртна точка“ бидејќи „стратешката архитектура во светот, особено во Европа, е променета“.
„Вежбите имаат за цел да го надополнат постојаното присуство на Соединетите Држави во Европа“, рече Ло, додавајќи дека многу од пилотите на алијансата ќе работат заедно за прв пат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Марија Габриел ќе биде втор човек во…
Поранешната еврокомесарка и министерка за надворешни работи…
(Документи) Илјадници народни пари потрошени на ручеци…
Шетајте луѓе, народ плаќа. Над 17.500 евра…
Американските бомбардери Б-52 пристигнаа во Романија на…
Американските стратешки бомбардери Б-52, кои во неделата…
И директори на МТВ во македонската делегација…
На политичката сцена во Македонија се уште…
Кулеба: Украина не може да чека уште…
Ветувањето дека Украина ќе стане членка на…