Почна акцијата „Генералка викенд“, ќе трае 3 дена – се чисти во 80 општини
Почна акцијата „Генералка викенд“, каде волонтери, ученици и вработени во јавните претпријатија започнаа да собираат отпад, почнувајќи од кејот на Вардар во Скопје.
Во акцијата учествуваше и претседателката на државата Гордана Силјановска-Давкова, која рече дека секој ден треба да го започнуваме со чистење, земајќи ги Јапонците како пример.
-Мислам дека е многу добро секој ден да се започнува вака, имитирајќи ги Јапонците. Мислам дека знаете – тие прво го чистат местото каде што живеат, околу своите згради, а потоа одат на работа. Ова треба да стане филозофија на животот, изјави претседателката Силјановска-Давкова.
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изјави дека за градот треба да се грижиме како за нашите домови. Додека амбасадорот на Австрија, Мартин Памер, истакна дека е среќен што учествува во ваква акција.
-Не треба да заборавиме дека Скопје е наш заеднички дом за сите нас кои живееме во градот Скопје. Треба да се грижиме за нашиот дом исто како што се грижиме за нашите куќи и за сè друго што е наша сопственост, а градот е сопственост на сите нас. Свесноста треба малку повеќе да функционира кај сите нас, изјави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
-Со големо задоволство учествувам во оваа важна акција. „Генералка викенд“ е импресивен македонски бренд. Илјадници волонтери низ целата земја чистат насекаде и се грижат за животната средина, изјави Мартин Памер, амбасадор на Австрија.
Министерот за животна средина Мухамет Хоџа изјави дека министерството е фокусирано на системски решенија за проблемот со отпадот и дека ќе се градат регионални центри за негово собирање.
-Министерството за животна средина секогаш ќе поддржува вакви иницијативи, бидејќи заедно ја градиме свеста дека грижата за животната средина треба да стане секојдневна навика за сите нас, изјави Мухамет Хоџа, министер за животна средина.
Оваа акција се спроведува на 500 локации низ целата земја, во 80 општини и ќе трае три дена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Недоволна имунизација во Прилепско – опфатот далеку…
Прилепскиот регион се соочува со недоволен опфат…
Трагедија во кочанско, пронајдено тело на 17-годишно…
Тело на младо лице било пронајдено во…
26 пожари низ Македонија, 5 се активни
На ден 07.09.2026 година, до 18:00 часот,…
Средба на претседателот Гаши со катарскиот министер…
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска се…
Лина Ѓорческа стартуваше со победа на ВТА-турнирот…
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа по настапот во…