Почна исплатата на поврат на ДДВ за третото тримесечје

t

Почна исплатата на повратот на ДДВ за третото тримесечје, соопшти вечерва директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска.

На гостување во Националната телевизија (МТВ), Лукаревска рече дека повратот ќе биде во износ од околу 790 милиони денари кои ќе ги добијат 459.670 граѓани.

-Еден од најуспешните проекти е МојДДВ, сосема си го оправда своето постоење. Од денес почнуваме со исплата за претходното тромесечје. За третото тромесечје од 2023 година, повратот ќе биде околу 790 милиони денари, а ќе се однесува на 459.670 граѓани, корисници на оваа мерка. Бројката на корисници се зголемува и им благодарам на граѓаните кои се наши инспектори кои што пријавуваат и овозможуваат да се бориме со сивата економија, рече Лукаревска.

Посочи дека повратот на ДДВ може да биде и повисок од моменталните 2.100 денари, односно тој постепено да се зголемува.

Во однос на наплатата на данокот на личен доход и данокот на добивка, Лукаревска вели дека се собрани повеќе средства од она што било предвидено согласно со планот.

Со данокот на солидарност, како што посочи Лукаревска, се очекува да бидат собрани три милијарди и  единаесет милиони денари. Според податоците со кои располагаат,  повеќе од 2/3 од компаниите ги подмириле обврските. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лукаревска: „Мој ДДВ“ е најуспешен проект не…

Има повеќе процеси кои што сме успеале…

15.548 работници не земале плата за ноември

Ноемвриска плата чекаат 15.548 работници. Податоците заклучно…

Мрежа на нафтени компании сакале да го…

„Сања Лукаревска е член на СДСМ од…

За два месеци бројот на вработени се…

Во последниве месеци се намалува како бројот…

УЈП открива: Три познати бензиски пумпи сакале…

Денеска до полноќ треба да завршиме уште…