Почна итната седница на Советот за безбедност на ОН!
Во Советот за безбедност на ОН започна седницата побарана од Русија поради терористичкиот напад на Украина на Белгород.
Во нападот загинаа 18 лица, а 111 се ранети.
На присутните им се обраќа рускиот амбасадор во ОН Василиј Небензја.
Тој, меѓу другото, рече дека цел на украинскиот напад бил спортскиот центар „Динамо“ во градот, лизгалиште. Оштетен е и локалниот Универзитет.
„Ова не се напади врз воени цели, туку целен напад, терористички напад врз цивили“, рече тој, додавајќи дека во таа прилика се употребени забранети касетни муниции.
Небензја праша и зошто на седницата немало претставник на ЕУ, особено претставник на Чешка, со оглед на тоа што во нападот било употребено оружје од чешко производство.
Тој ја повика меѓународната заедница да го осуди нападот и да се огради од режимот во Киев и додаде дека молкот на генералниот секретар на ОН е зачудувачки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Американски војник уапсен во Британија под сомнение…
Високопозициониран американски војник е уапсен во Британија…
Преговорите меѓу Украина и Русија продолжуваат во…
Трилатералните преговори меѓу Русија, САД и Украина…
Украина и Русија покажале „мала флексибилност“ за…
Украина и Русија во неформални разговори покажале…
ЕУ ќе воспостави присуство на својата воена…
Советот на Европската Унија одлучи да воспостави…
Мерц се закани со блокада на буџетот…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц се заканил дека…