Почна поткупот: „Наместо со идеи, визија и програма, власта на терен излезе со вреќи брашно“ – Јакимовски обелодени шокантен случај!
Граѓанска Опција за Македонија (ГРОМ) денес остро реагираше на, како што велат, срамните сцени во скопската населба Злокуќани, каде високи претставници на власта наводно делеле вреќи брашно како форма на предизборен поткуп.
„Денес сведочевме на слика која нè враќа триесет години наназад. Наместо со идеи, визија и програма, власта на терен излезе со вреќи брашно“, стои во соопштението на ГРОМ.
Според партијата, граѓаните на Карпош биле сведоци на делење вреќи од по 30 килограми брашно од гаражи и куќи, што ГРОМ го оценува како навреда за достоинството на секој човек.
„Кога нема резултати, кога нема дела – останува само брашното“, порачуваат од ГРОМ, додавајќи дека оваа постапка е доказ за вистинското лице на власта и нејзиниот кандидат.
Од партијата упатија и прашање до премиерот: „Дали ова е вашата програма за инженерите, професорите, лекарите, пензионерите и домаќините? Дали мислите дека достоинството на човекот вреди една вреќа брашно?“
ГРОМ порача дека во Карпош граѓаните не се купуваат, туку се почитуваат.
„Ние не делиме брашно – ние градиме водоводи, канализации, улици, фасади, училишта и градинки. Карпош одамна ја надмина вашата ’триесеткилна политика‘,“ стои понатаму во соопштението.
На крајот од реакцијата, партијата испрати порака дека „нема брашно што може да ја купи совеста на Карпошанец“ и оцени дека е срамота Македонија повторно да се враќа во 90-тите години.
„Карпош е општина што мисли, што работи и што се бори со чесни средства. Карпош одамна замина напред,“ порачуваат од ГРОМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Спасил цело бугарско семејство – 15 годишно…
Петнаесетгодишниот Михаил Николовски од Битола помогнал да…
Мета одобрила стотици огласи со злоупотреба на…
Технолошкиот гигант Мета одобрил стотици платени огласи…
Метео предупредување: Попладневен град и пад на…
Управата за хидрометеоролошки работи најавува нестабилно време…
НАТО: Бројот на цивилни жртви во Украина…
Бројот на цивилни жртви во Украина го…
Мерц: АфД е „деструктивна сила“ која никогаш…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска остро ја…