Почна пријавувањето за студии на УКИМ, слободни се над 8.800 места

t

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска и утре е првиот рок за пријавување кандидати за запишување на студии во прва година. На 23-те факултети на најстариот и најголем универзитет во државава се слободни вкупно 8.851 место за бруцоши во академската 2026/2027, која ќе почне на 1 октомври.

Според Конкурсот на УКИМ, од вкупниот број слободни места, 4395 се за студенти во државна квота (редовни студенти кои се финансираат од државниот буџет), 3621 за редовни студенти кои плаќаат школарина, т.е. ги кофинансираат студиите и 835 за вонредни студенти.

Најголем број студенти (над 500) на разни студиски програми ќе примат Медицинскиот факултет (950 места), ФИНКИ (800), ФЕИТ и Машински по 600, Природно-математичкиот (626), Економскиот 655, Правниот факултет 555, Филозофскиот 635 и Филолошкиот факултет 805.

Студентите во државната квота се запишуваат со плаќање надомест за студиите, во износ од 200 евра во денарска противвредност, студентите во квотата за кофинансирање и вонредните плаќаат школарина од 400 евра.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска во интервју за МИА соопшти дека оваа година бројот на места е намален за околу 2.000 на сите универзитети откако е направена анализа на пазарот на трудот, кој, како што рече, е заситен со одредени струки и тие луѓе се невработени.

Јаневска посочи дека за разлика од овие области, квотите кај техничките струки, информатиката, машинството и градежништвото речиси и да не се намалени, бидејќи таму вработливоста е исклучително висока и достигнува меѓу 98 и 99 проценти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почна пријавувањето за студии на УКИМ, слободни…

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска…

УКИМ продолжува да тоне: Го нема ни…

На штотуку публикуваната листа Глобал 2000 објавена…

Ќе се доградуваат недовршените згради кај Ректоратот…

Министерството за образование и наука најави дека…

Салата на УКИМ која чинеше 2,5 милиони…

Спортската сала на УКИМ, во која државата…