Почна состанокот на Советот за безбедност на Србија: КФОР повикува да се избегнат еднострани дејствија и ескалација
КФОР вчера соопшти дека присуството на таа мисија продолжува на северот на Косово и Метохија и дека засега нема факти кои би можеле да предизвикаат загриженост. Наведоа дека е неопходно да се избегнат еднострани дејствија и иницијативи кои можат да доведат до ескалација на насилството, пренесе „Газета експрес“, повикувајќи се на Танјуг.
Претседателот на Српската листа и министерот за заедници и враќање, Горан Ракиќ, и градоначалниците на четири општини на северот на Косово, вчера разговараа со новиот командант на КФОР, генерал-мајор Анџело Микеле Ристучи и командантот на „ База Бондстил“, Кристофер Самулски. Како што јави Танјуг, една од најважните теми на кои разговарале е зачувување на стабилна безбедносна ситуација.
Утрово претставниците на Србите на Косово и Метохија разговараа со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а веднаш по разговорот започна и седницата на Советот за национална безбедност на Србија.
Медиумите во Косово информираат дека таму може да се заблежи зголемено присуство на ЕУЛЕКС возила и припадници на “РОСА”.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шверц на границата меѓу Македонија и Косово:…
Возило без регистарски таблички е запрено во…
Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…
Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…
23 европарламентарци побараа суспензија на пристапните преговори…
Група од околу 20 претставници на Европскиот…
Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 25…
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека до…
Неизвесно е дали ректорот на Белградскиот универзитет…
Сè уште е неизвесно дали ректорот на…