Почна цензурата: Ванковска се откажа од Нова Македонија затоа што не и објавиле колумна во која го критикува Мицкоски и Трамп
Секој понеделник, некаде во ова време, ја објавував тука мојата колумна од „Нова Македонија“. Дојде ден кога колумна има, ама редакцијата одби да ја објави. Вистина е дека насловот на фајлот (не на колумната) беше „Мицкоски“ и во содржината се осврнав на настапот на премиерот во САД.
Колумнист сум преку 25 години и сум објавувала во голем број медиуми, но соработката со „Нова Македонија“ беше најдолга и затоа и најтешка за раскинување. Како што мнозина знаат, честопати себе се нарекувам „дете“ на Нова Македонија, бидејќи пораснав со работничката плата на мојот татко графички работник од основањето на куќата до 1982 година. Не ми беше лесно да ја донесам и соопштам одлуката, но цензурата е забранета со Устав (тоа го учам студентите), а во својата колумнистичка кариера сум оставила белег на силни критики кон буквално сите влади и премиери откако станав хроничар и коментатор на нашето време. Интересно, се’ до овој момент НИТУ ЕДНА власт ми се нема заканувано (иако сум нели медиумски замолчена), а ниту еден уредник ми нема цензурирано текст. Затоа, откако добро размислив дали можам да преминам преку овој ненадеен чекор на главниот уредник на Нова Македонија, одговорот беше еден: НЕ! Не можам да соработувам под закана од цензура.
Ова е содржината на емаил пораката со која се простив од редакцијата:
Почитувани,
Одамна престанав да ги бројам годините на стаж како ваш колумнист. Многупати и во моите колумни сум кажувала колку ве почитувам за слободата што ми ја дозволувате во „моето катче“, па иако пишувам најредовно од сите други, никогаш не сум го поставила и прашањето за хонорарот кој ми следува. Мислев дека слободата на јавен говор е таа што вреди повеќе од се’.
Денес доживеав за првпат не само во нашата соработка туку и генерално откако пишувам за разни медиуми да ми цензурираат текст. Еве, ми требаа неколку часа за да избројам до 100 и да одлуча дали и како понатаму. Свесна сум за значењето на Нова Македонија. Свесна сум за фактот дека не останаа многу печатени весници. Размислував дали е ова само случајност, па да преминам преку него. Но, секогаш ми се постави прашањето: а што понатаму? Јас моите ставови и поглед на свет не можам да ги сменам, ниту сакам да го правам тоа. Да пишувам под страв дека за 10 минути може да ми се јавите и љубезно да ме замолите да ја повлечам колумната на која сум потрошила многу време да ја напишам? Да газам на јајца да не навредам некого (или налутам адвокат, да се плашам од тужба и сл.)? Каков колумнист ќе биде Ванковска која си ги мери зборовите?
Додека размислував, се сетив на ставот на главниот и одговорен уредник, кој се однесува (каков иронија!) токму на Венс, говорот во Минхен и нашиот премиер. Ми стана јасно дека тука не е можен компромис ако веќе уредувачката политика ви е таква. Дотолку повеќе што едно пишувате, а друго правите. Цензурирате ваш колумнист кој има инакво мислење?! Па, несогласувањето со носителите на власта (па и уредниците), нели, е во срцевината на слободата на јавен говор?
Простете, но во вакви услови нема да можам да ја продолжам соработката. Колумната ќе ја објавам во друг медиум.
Со почит,Билјана Ванковска
Пишува професорката на Фејсбук
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…
Единицата за насилен криминал – Одделение за…
Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…
Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…
Порше ѝ го продаде својот удел во…
Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…
Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…
Украина и Канада денеска потпишаа голем број…
Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…
Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…