ПОЧНУВААТ ГРАДЕЖНИ РАБОТИ НА ПАТОТ ДЕМИР КАПИЈА – НЕГОТИНО: Каде уште е пренасочен или забранет сообраќајот?
Од денеска започнуваат градежни активности на патот Демир Капија – Неготино поради што ќе има пренасочување на возилата од едниот коловоз на другиот коловоз на кој движењето во должина на 2 км ќе се одвива во две насоки, соопшти АМСМ.
Оттаму информираат и дека и денеска во период од 8 до 16 часот затворен за сообраќај ќе биде патот Велес – Градско, на која се поставува асфалт.
По поплавите проблеми во одвивање на сообраќајот има на повеќе регионални патишта. Непрооден е пат од с.Извор кон Прилеп, а поради оштетениот мост на Црвенска Река сообраќајот на магистралниот пат Македонска Каменица – Делчево се одвива наизменично, по една коловозна лента.
Поради излевање на Крива Rека, во прекин се и локалните патишта од Крива Паланка кон с.Варовиште и с.Градец. Исто така, во с.Пчиња (Куманово) има собрани дрвја и гранки под мостот на р.Пчиња, со што е намален протокот на реката, па постои опасност од излевање и оштетување на мостот.
Според информацијата на АМСМ, сообраќајот на останатите патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Студентите во Тирана одбија партиско преземање: Најавија…
Студенти во Тирана вчера, направија жив ѕид…
148 години од раѓањето на Чупоски: „Ние…
„Вие само ќе треба да му кажете…
Радовишанец им се заканувал на вработени во…
СВР Струмица – ОВР Радовиш поднесе кривична…
Уапсен 39-годишник: Фатен додека подигнувал сомнителна материја…
На 06.11.2026, во 20:30 часот во Скопје…
Расте бројот на жртви во Краков: Шестмина…
Најмалку шест лица се убиени, а 16…