ПОЧНУВААТ МИРОВНИ ПРЕГОВОРИ, ЗЕЛЕНСКИ И ПУТИН ДАЛЕ ЗЕЛЕНО СВЕТЛО! Не Кина туку Африка ќе биде посредник
Јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса изјави дека претседателите на Русија и на Украина се согласиле да разговараат со делегација на африкански шефови на држави. Ќе зборуваат за план за ставање крај на војната во Украина.
За време на викендот, Рамафоса телефонски разговараше со рускиот претседател Владимир Путин и со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кои му рекоа дека ќе бидат домаќини на африканските лидери во Москва и во Киев.
Во мировната мисија, покрај Рамафоса, ќе бидат вклучени и претседателите на Замбија, Сенегал, Конго, Уганда и Египет, соопшти кабинетот на шефот на Јужна Африка.
Во соопштението се наведува дека Путин и Зеленски дале зелено светло за почеток на подготовките за средбите, но без дополнителни информации за можните параметри на разговорите.
Зеленски претходно рече дека нема да размислува за мировен договор за ставање крај на војната додека руските сили целосно не се повлечат од украинската територија.
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш е информиран за планираните состаноци на африканската делегација и ја поздравува иницијативата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НАМЕСТО КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ М-НАВ ЗА СЕКОЈ…
По добиена согласност од Министерството за финансии,…
Макрон ја отфрла идејата на Трамп за…
Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека…
Левица по третпат бара Надзорна расправа за…
Утре, Постојаната анкетна комисија за заштита на…
Гувернерот Славевски се пожали дека многу го…
Гувернерот Трајко Славевски во неговата објава на…
Полнете ги резервоарите – од полноќ поскапување…
Цените на горивата од вечерва на полноќ…