Почнува ЕП во кошарка: Дончиќ и Јокиќ главни звезди

t

Од денес до 18 септември во Чешка, Грузија, Италија и Германија ќе се игра Евробаскет 2022. Ова е 41. континентален шампионат на кој ќе учествуваат 24 репрезентации поделени во четири групи.

А-групата ја сочинуваат: Белгија, Бугарија, Грузија, Црна Гора, Шпанија и Турција.

Б-група: Босна и Херцеговина, Франција, Германија, Унгарија, Литванија и Словенија.

Ц-група: Хрватска, Естонија, Велика Британија, Грција, Италија и Украина.

Д-група: Чешка, Финска, Израел, Холандија, Полска и Србија.

Во првиот натпревар денес од 13:30 часот ќе играат Шпанија и Бугарија.

Другите двојки за денес се:
БиХ – Унгарија (14:30 часот)
Турција – Црна Гора (16:15)
Словенија – Литванија (17:15)
Белгија – Грузија (19:00)
Франција – Германија (20:30).

Најмногу злата, вкупно 14 има поранешниот Советски сојуз, СФР Југославија има пет, Југославија, Литванија и Шпанија по три, Италија и Грција по две. Летонија, Чехословачка, Египет, Унгарија, Германија, Русија, Франција и Словенија по еднаш биле на европскиот кошаркарски трон

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се запалиле бандери за електрична енергија во…

Скопските пожарникари вечерва имале полни раце работа.…

Горело патничко возило, ЦУК се огласи за…

Пожар избувнал вечерва во подземниот паркинг на…

ГОЛЕМ ПРЕКИН НА ИНТЕРНЕТОТ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Проблеми…

Голем прекин на интернет-услугите вечерва, 18 ноември,…

НЕВИДЕН СКАНДАЛ ВО РОМАНИЈА: Речиси половина од…

Невиден скандал ја потресува романската престолнина Букурешт,…

Жена од Пехчево нападната од својот сопруг,…

На 18.11.2026 во 01:30 часот во Пехчево,…