Почнува новиот скопски фестивал, утре концерт на Бресквица, Инас и Таско
Долгонајавуваниот „Open Air – East Gate Mall Connect Festival“ почнува овој петок, а скопјани и македонската публика ќе имаат прилика неколку викенди по ред да уживаат во концертите на најголемите балкански и домашни ѕвезди.
Овој петок (03.06) за првпат во Македонија ќе настапи српската музичка ѕвезда Бресквица, потоа популарниот Инас и нашиот рапер Таско.
Во сабота (04.06) ќе настапат милениците на публиката ТHCV, потоа одличниот Клинац, а по долго време ќе го видиме и Тони Зен.
Наредните викенди следат настапите на: Раста, Елена Китиќ, Анастасија Ражнатовиќ, С.А.Ф. Бед Копи, Пајак, Диџеј Боно и Кристина Димитри, Диџеј Леа, Тракер, Луна и други…
Организаторите на овој музички настан велат дека вакво нешто досега немало во нашата земја. Толку многу ѕвезди на едно место и во еден град…
Ова е еден од најголемите музички проекти кои се работеле во нашата земја. Се потрудивме да ги обезбедиме во моментот најголемите музички имиња, но не само тоа, се обидовме да ги задоволиме вкусовите на речиси сите генерации кои сакаат квалитетна музика, велат организаторите.
Влезниците веќе се пуштени во продажба и тоа во „East Gate Mall“, како и онлајн преку продажната мрежа на www.kupikarta.com.
Истите ќе се продаваат по цена од: 600 денари за дневна карта , викенд-карта ќе чини 1.000 денари, додека блок-карта чини 3.000 денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Албанија го забрани увозот на месо од…
Албанија официјално го забрани увозот на месо…
АХВ: Западнонилска треска потврдена кај три угинати…
Во периодот од 24 до 27 август…
Ѓорѓиевски: Од утре почнува пробивањето на трасата…
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во…
ЦУК: Македонски хеликоптер за првпат гасне пожар…
„По барање на Република Косово, Република Северна…
Нов инцидент во Германија: две лица се…
38-годишен маж и 28-годишна жена беа уапсени…