По вчерашниот инцидент во Сингелиќ се огласи тренерот на Беласица: ФФМ подготвува заташкување на случајот – И тепани и понижени ќе излеземе виновни
Благој Гуцев и тренерот на голманите на Беласица добиле ќотек пред мечот со Локомотива, а на фудбалерите и на членовите на стручниот штаб им се заканувале со огнено оружје.
Тренерот на Беласица денеска имаше реакција на социјалните мрежи во која изрази сомнеж дека ФФМ ќе си ја заврши работата како што треба.
„ФФМ подготвува заташкување на случајот! И тепани и понижени ќе излеземе виновни. Едно е јасно сѐ е резирано и врзано. Од прв до последен, службените лица доцнеа на натпреварот и застанаа на страна на тепачите. Лицето е познато на сите и на полиција и на федерација.
Бламирајте сѐ, понижувајте нѐ на секој начин, а јас лично ќе го водам случајот до крај. Моето семејство го трпеше стрсот што го доживеав и затоа ќе одам до крај.
Службени лица (делегат, судии, комесар) да не даде Господ вашето дете да биде удрено како што вчера бев јас.
Јас можеби и ќе ставам крај на кариерата, која само што ја почнав, зашто иднината на моето дете не ја гледам во таа комрумпирана дупка. А, ти насилнику со умисла на удар со поголема повреда ќе ги трпиш последиците за нападот. Господ е голем!“, објави Гуцев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…
Единицата за насилен криминал – Одделение за…
Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…
Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…
Порше ѝ го продаде својот удел во…
Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…
Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…
Украина и Канада денеска потпишаа голем број…
Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…
Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…