По вчерашните оставки: На Детска клиника и Онкологија се назначени нови директори
По вчерашните оставки. Денеска на Детска клиника и Онкологија назначени се нови директори.
Откако вчера на барање на министерот за здравство, Беким Сали, оставки си поднесоа директорите на две универзитетски клиники – Клиниката за детски болести и Клиниката за радиотерапија и онкологија, денеска се назначени нови директори.
Како што дознава „Фокус“, за нова директорка на Детската клиника е назначена д-р Стојка Нацева Фуштиќ, а на чело на Клиниката за онкологија застанува д-р Виолета Клисарова.
Оставките пак вчера ги доставија директорката на Универзитетска клиника за детски болести, проф. д-р Аспазија Софијанова, и директорот на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, д-р Никола Васев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Османи: Одложувањето на евроинтеграциите станува егзистенцијална закана,…
Понатамошното одложување на европската интеграција се претвора…
Гостиварец прободе сограѓанин – доби кривична за…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе…
Малолетничка тепана на Бит Пазар: Снимката заврши…
На 18.11.2026 во 17:10 часот во СВР…
Германија: Поради финансиски и безбедносни проблеми откажани…
Повеќе божиќни базари низ Германија нема да…
Кандидатот на студентската листа Александар Чупиќ избран…
Александар Чупиќ, кандидат на пратеничката група „Студентска…