Објавено на:

По години молчење за неговиот син и Брижит: Таткото на Макрон зборуваше за неговиот однос со снаата

t

Жан Мишел Макрон беше многу дискретен до сега, кога е во полн ек втората претседателска кампања на неговиот син Емануел Макрон. Само неколку дена пред вториот круг од француските избори, во „L’Alsace“ беа објавени негови колумни во кои тој зборува за лажни гласини за бракот на неговиот син и Брижит Макрон.

Иако досега молчеше, Жан Мишел Макрон изгледа реши да ги ужива петте минути слава, па со јавноста сподели детали од приватниот живот на својот син. Почитуваниот невролог на тој начин откри дека е лага дека тој и неговата сопруга го принудиле Емануел да го напушти родниот град за да ја спречат неговата врска со Брижит Макрон.

„Ова се приказни за мали деца. Уште од самиот почеток било договорено Емануел последната година од своето школување да ја помине во Париз, во училиштето „Lycée Henri-IV“, сè за да може што полесно да се запише на факултет. Таа новинарка чие име не сакам да го спомнам и која ми е крајно досадна (а тоа е Ен Фулда, авторката на книгата за Емануел Макрон;) Напиша сè погрешно“, стои во колумната на Жан-Мишел Макрон.

И откако ги разјасни оние работи што го мачеа со години, таткото на сè уште актуелниот француски претседател во март ја опиша врската помеѓу неговиот син и снаата за „La République“, признавајќи дека само неговата сопруга имала проблем да ја прифати Брижит Макрон во нивното семејство.

„Кога си маж, од 17-годишниците се очекува да прават што сакаат“, рече тој.

Според него, од самиот почеток бил свесен за целата љубовна приказна и каде сето тоа води. „Можеби беше прерано, но кој сум јас да судам… Со текот на годините, се покажа дека вредело“, додаде Макрон.

Емануел и Брижит Макрон се заедно повеќе од дваесет години, а нивната љубов сè уште е силна како првиот ден. Во секое време, приватно или деловено, првата дама на Франција е најголемата поддршка за нејзиниот сопруг. „Тие сè уште се забавуваат, се смеат, се шегуваат, се држат за раце, се бакнуваат. Нивната врска е сè уште свежа и полна со ревност“, откри неодамна Гаел Чакалоф во новата книга.

И додека неговиот татко е на страната на нивната љубов, мајката на Емануел, Франсоаза Ногуес, никогаш не била претерано сочувствителна со нејзината снаа Брижит Макрон. Токму поради тоа францускиот претседател ги „оладил“ односите и ретко се гледал и јавувал. Денес таа тврди дека е исклучително блиска со синот и снаата, опишувајќи ја врската со Брижит како пријателска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макрон: Масовна копнена операција во Газа би…

Францускиот престедател Емануел Макрон изјави дека било…

Средба Макрон – Херцог во Ерусалим

Ние сме посветени да ги надминеме, и…

Скопјанец си ги претепал сопругата и синот

Нов случај на семејно насилство се случил…

Макрон со свиткана опашка си заминува од…

По пучот во Нигер, воената хунта на…

Милановиќ: Европа на Макрон со повеќе брзини…

Ако ЕУ продолжи да инсистира да бидат…