По двегодишна истрага ЕУ подготвува висока казна за Гугл
Европската комисија денеска треба да го казни Гугл (Google), што е резултат на двегодишна истрага за фаворизирање на сопствените услуги во резултатите од пребарувањето. Истрагата, исто така, ја опфати практиката на компанијата да ги спречува развивачите на апликации да ги насочуваат корисниците кон понуди надвор од продавницата и системот за плаќање на Гугл, пишува Евроњуз (Euronews).
Информациите денеска ги објави германскиот весник „Ханделсблат“ (Handelsblatt), кој се повикува на двајца високи функционери на ЕУ. Одлуката следува по состанокот на колегиумот на комесари предводен од Урсула фон дер Лајен, на кој требаше да се потврди казната.
Според Законот за дигитални пазари (DMA), казните можат да изнесуваат до 10 проценти од вкупниот годишен промет на компанијата низ целиот свет. Бидејќи матичната компанија на Гугл, Алфабет (Alphabet), пријави приход од 402,8 милијарди долари во 2025 година, максималната казна теоретски би можела да достигне десетици милијарди долари.
Одлуката за казната би можела дополнително да ги затегне односите со САД. Вашингтон претходно го обвини Брисел дека неправедно ги напаѓа американските компании со својата дигитална политика. Во јануари, американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе 100-процентни царини за сите европски земји кои ги оданочуваат дигиталните услуги на американските компании.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Палмер: Македонија направи сè што Европската унија…
Македонија направила сè што Европската унија побарала…
ЕУ ги почна преговорите за бесплатен роаминг…
Европската комисија ги започна преговорите со Србија,…
Урсула фон дер Лајен следната недела во…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
„Гугл“, „Мета“ и „Тикток“ ја тужат Калифорнија:…
Технолошките гиганти Гугл, Мета и Тикток отворија…
Платформата 12:05 бара државен план за Македонија…
Воведување една изборна единица и отворени кандидатски…