Објавено на:

По двомесечната блокада со дозвола на Израел во Газа влегуваат камиони со храна за бебиња

t

Израел денеска дозволи влез на камиони со храна за бебиња во Газа, соопшти израелското Министерство за надворешни работи, по најавата на премиерот Бенјамин Нетанјаху дека ќе биде дозволено влегување на мала количина помош по двомесечна блокада.

„Денес, Израел го олесни влегувањето на камиони со храна за бебиња во Газа. Во наредните денови, Израел ќе го олесни влегувањето на десетици камиони со помош“, рече Деден Бар-Тал, генерален директор на израелското Министерство за надворешни работи, на прес-конференција во Ерусалим. 

На новинарско прашање колку камиони влегле, портпаролот на министерството рече дека мора да провери со Когат, телото на Министерството за одбрана кое ги надгледува цивилните операции во Газа и окупираниот Западен Брег. Тој додаде дека идејата е да се испратат голем број камиони во наредните денови.

Со недели, агенциите на ОН и меѓународните невладини организации со седиште во Газа јавуваат за недостиг од храна, вода за пиење, гориво и лекови на таа палестинска територија, која е во војна повеќе од 19 месеци.

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус денеска предупреди за зголемениот ризик од глад во Појасот Газа, каде што, според него, два милиони луѓе веќе гладуваат.

Под притисок од странство поради блокадата што ги изгладнува Палестинците во Газа, Израел во вчера соопшти дека ќе дозволи ограничено продолжување на хуманитарната помош, со истовремено почнување големи копнени операции во Газа.

Одлуката да се дозволи влез на помош на палестинската територија, повеќе од два месеци откако Израел воведе блокада на Газа на 2 март, е „тешка, но неопходна“, според израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел: „Ердоган ја намамува Турција во опасни…

Израел испрати ново остро предупредување до Турција,…

Израел нападна полициска станица во Газа –…

ХАМАС денес го обвини израелскиот премиер Бенјамин…

Ердоган: Не сакаме војна со Израел, но…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во интервју…

Зетот на Трамп оди во Израел, ќе…

Џаред Кушнер, пратеникот и зет на американскиот…

Двајца израелски војници и еден Либанец загинаа…

Двајца израелски војници се убиени во Јужен…