По еден сантиметар зголемен водостојот на Преспанското и на Охридското Езеро
За по еден сантиметар е зголемен водостојот на Преспанското и на Охридското Езеро.
Согласно резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостоите на Преспанското и Охридското Езеро се пониски од повеќегодишниот просек за јуни и тоа за 1,86 метри кај Преспанското и за два сантиметра кај Охридското езеро. За разлика од нив нивото на Дојранското Езеро е за 2,6 метри повисоко од просечното.
Водостоите, пак, на реките во земјава најчесто се пониски од просечните за овој период од годината и имаат благо зголемување или намалување во споредба со вчера. Исклучок е реката Сатеска на мерното место кај Ботун каде денешното ниво е двојно пониско од вчерашното.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…