По експлозијата во украинската амбасада: Трета експлозивна направа во два дена откриена во Шпанија

t

Трета експлозивна направа во два дена скриена во пакет била испратена во базата на шпанската авијација во Торехон Де Ардоз во близина на Мадрид, главниот град на Шпанија.

Вчера, да потсетиме, во таа земја беа откриени две писма-бомби.

Едната беше испратена во украинската амбасада во Мадрид, а другата во компанија која произведува оружје на северот на земјата, соопшти шпанската полиција.

Првата бомба експлодирала и нанела полесни повреди на вработен во амбасадата.

Доцна синоќа полицијата потврди дека истражува можна поврзаност помеѓу две писма-бомби испратени до амбасадорот на Украина во Мадрид и шпанска компанија за оружје која произведува ракетни фрлачи и ги донира на Киев.

По инцидентот во амбасадата, Киев нареди зголемени безбедносни мерки во сите свои претставништва во странство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тело на новороденче пронајдено во замрзнувач во…

Шпанската цивилна гарда истражува откако телото на…

Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена…

Украина ќе добие нов пакет воена помош…

Во Шпанија почна тридневна жалост по железничката…

Во Шпанија денеска почна тридневна жалост по…

УЖАС: Најмалку 46 загинати во судир на…

Најмалку 46 луѓе загинаа во судирот на…

Италија и Шпанија ги укинуваат граничните контроли…

Италија и Шпанија денеска се согласија да…