По епидемијата, ИЈЗ бара гостиварски „Комуналец“ да ја провери стручноста на вработените во претпријатието

t

Една од препораките до гостиварски „Комуналец“ е континуирано да се следи количината на хлор од извориштето до крајните потрошувачи, како и да се воспостави автоматизиран систем за следење на параметрите релевантни за процесот на дезинфекција, особено резидуалниот хлор, преку мерења во повеќе точки од дистрибутивната мрежа

Да се провери дали персоналот вработен во критичните места на водоснабдителниот дистрибутивен систем има соодветна стручна подготовка и основни знаења за безбедност на водата за пиење спроведена од страна на овластени правни лица. Ова е една од препораките што Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) ги издаде до Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ Гостивар, еден месец откако во градот беше прогласена епидемија поради труењето на илјадници гостиварци со загадена вода од градскиот водовод.

Дополнително, ИЈЗ препорачува персоналот одговорен за управување со водоснабдителниот објект и одржување на водоводната мрежа да има соодветни и континуирани обуки, а персоналот во првата заштитна зона задолжително да врши редовни здравствено-хигиенски прегледи.

Една од препораките до гостиварски „Комуналец“ е континуирано да се следи количината на хлор од извориштето до крајните потрошувачи, како и да се воспостави автоматизиран систем за следење на параметрите релевантни за процесот на дезинфекција, особено резидуалниот хлор, преку мерења во повеќе точки од дистрибутивната мрежа, со можност за автоматско алармирање при отстапување од дозволените вредности.

„По укинување на кризната состојба во Гостивар, да се обезбеди резидуален слободен хлор во дистрибутивната мрежа во концентрации соодветни за одржување на микробиолошката безбедност на водата, при што целната оперативна вредност да биде во ранг од 0,2–0,5 mg/L, согласно условите на системот и важечките прописи. Да се изврши и хидраулична и оперативна анализа на дистрибутивната мрежа со цел идентификување на причините за варијациите на резидуалниот слободен хлор, особено во однос на задржувањето на водата, мртвите краци, зоните со намалена потрошувачка, промените во протокот, потенцијална можност за мешање на води од различни делови на системот и други услови кои можат да влијаат врз времето на задржување и потрошувачката на хлор“,се наведува во препораките на ИЈЗ.

Институтот за јавно здравје препорачува и ревидирање на постојната Програма за мониторинг заснована на процена на ризикот, која ќе ги опфати сите критични контролни точки и мерки за управување со ризик во целиот водоснабдителен систем. Во рамки на Планот за периодично испирање на дистрибутивната мрежа, велат од ИЈЗ, посебен фокус треба да стави на крајните, периферните и слабо проточните делови.

Една од препораките е „Комуналец“ да обезбеди доволен капацитет на водоснабдувањето до сите населени места, особено во периоди на зголемена потрошувачка. Во оваа смисла, како долгорочна мерка, ИЈЗ препорачува да се изнајдат нови изворишта за водоснабдување со цел да се задоволат зголемените потреби и потрошувачка.

Гостиварското комунално претпријатие треба да врши редовен мониторинг на безбедноста и квалитетот на водата што се доставува до потрошувачите, односно редовна контрола на базните параметри на водата на дневна основа.

Освен до ЈКП „Комуналец“, ИЈЗ им препорача на комуналните инспектори во Општина Гостивар да зачестат со теренските контроли во однос на рационалното користење на водата, како и да проверуваат потенцијални недозволени приклучоци или истекувања. Се препорачуваат редовни инспекциски надзори над водоснабнителниот систем од извориштето до крајните потрошувачи, со посебен фокус на заштитните зони, како и техничка проценка на состојбата, функционалноста и капацитетот на филтерната станица.

Инаку, министерот за здравство Сашо Клековски денеска информира дека е укината е состојбата на епидемија во Гостивар што беше прогласена пред еден месец откако голем број граѓани побараа лекарска помош поради стомачни проблеми кои се поврзуваат со загадувањето на водата од градскиот водовод.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По епидемијата, ИЈЗ бара гостиварски „Комуналец“ да…

Една од препораките до гостиварски „Комуналец“ е…

(Фото) „Ти си ми сѐ, не сакам…

Обелоденети се писма што блиската соработничка на…

Силно невреме опустоши делови од Австрија и…

Силно невреме проследено со поројни дождови и…

До 18 чаcот гореле 14 пожари низ…

На ден 21.08.2026 година, до 18:00 часот,…

Трамп најави економски „Ден Д“ против Иран,…

Администрацијата на Доналд Трамп најави нова фаза…