Објавено на:

По епидемијата на Хантавирус на крузер, патниците ќе бидат ставени во 45-дневна изолација

t

Крузерот на кој беше регистрирана смртоносна епидемија на хантавирус е на пат кон Канарските Острови, каде што се очекува преостанатите патници да бидат вратени во своите земји, доколку не покажуваат симптоми, пренесува Гардијан.

Првите патници на холандскиот брод „MV Hondius“, кој пловел од Аргентина кон Зеленортските Острови, се разболеле во април. Симптомите вклучувале треска, гастроинтестинални проблеми, пневмонија, акутен респираторен дистрес синдром и шок. Од 11 април досега починале три лица, брачен пар од Холандија и една Германка. Заклучно со четврток, регистрирани се осум сомнителни случаи, од кои пет лабораториски се потврдени како хантавирус.

Телото на холандскиот државјанин кој починал на бродот било симнато на островот Света Елена. Неговата сопруга подоцна се разболела и нејзината состојба се влошила за време на летот кон Јоханесбург, и починала по пристигнувањето во болница, а тестовите потврдиле дека била заразена со вирусот. Телото на германската државјанка која починала сè уште се наоѓа на бродот.

Еден маж кој побарал лекарска помош кај докторот на бродот бил евакуиран од островот Асенсион во Јужна Африка, каде што се наоѓа на интензивна нега, но неговата состојба се подобрува. И кај него е потврден вирусот.

Друг патник кој се симнал на Света Елена се вратил во Швајцарија, но по појавата на симптоми побарал медицинска помош во Цирих. Тој е хоспитализиран и позитивен на хантавирус.

Уште три лица биле префрлени во Холандија на лекување. Меѓу нив има холандски член на екипажот и Германка која подоцна отпатувала во Диселдорф. Мартин Ансти, 56-годишен пензиониран британски полицаец кој работел како експедициски водич на бродот, е хоспитализиран во Лајден.

Во четвртокот, жена во Амстердам, за која се наведува дека е стјуардеса и била во контакт со жената која починала во Јужна Африка, пријавила можни симптоми.

Двајца Британци кои го напуштиле бродот на Света Елена кон крајот на април се вратиле во Велика Британија и се во самоизолација. Засега немаат симптоми. Во самоизолација се и блиските контакти на патниците од бродот.

MV Hondius е на пат кон Канарските Острови и се очекува викендов да пристигне во Тенерифе. Откако бродот ќе се закотви, 19 британски државјани кои сè уште се наоѓаат на него ќе бидат вратени во Велика Британија со чартер-лет организиран од британското Министерство за надворешни работи, доколку немаат симптоми.

Сите патници се под постојан надзор. По враќањето во Велика Британија ќе треба да останат во самоизолација 45 дена, поради долгиот период на инкубација на хантавирусот. Симптомите најчесто се појавуваат во рок од една до шест недели.

Британската агенција за здравствена безбедност и Светската здравствена организација нагласуваат дека ризикот за пошироката јавност е низок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Возачи го тужат Mercedes: Вжештеното AMG лого…

Неколку сопственици на Mercedes-AMG тврдат дека металното…

По пожарот во Волково, жителите бараат закон:…

Големиот пожар што денеска избувна во Волково…

Пресушија бунари во источна Хрватска, натоварени бродови…

Поради екстремната суша во источна Хрватска, бунарите…

Затвореник на викенд-отсуство ја нападнал мајка си,…

Четириесет и шестгодишен охриѓанец, кој издржувал затворска…

20-годишен припадник на албанската армија убиен во…

Дваесетгодишен припадник на албанските вооружени сили е…