По изборите во Франција на Мицкоски му е потешко

t

Сето ова ги ограничува маневарските простори на Орбан и неговите партнери во Братислава, Белград, Бањалука, Подгорица и Скопје

1. Свесни дека саботирањето на Преспанскиот и на Софискиот, но и на духот на Рамковниот договор им е сè попровидно и пресретнато и во соседството и дома:

– Давкова ќе се објаснува по медиуми, а

– премиерот ќе се слика од Вашингтон…

За тоа време:

– Само формално ќе бидат „кооперативни“, за земјата да не прерасне во доверлив партнер во НАТО, а

– Фактички ќе ги држат заладени односите со сите соседи освен Србија, за да ја одржат проекцијата на Северна Македонија како „жртва“ на соседите членки на ЕУ и себе како нејзини „бранители“.

2. Резултатите на Меланшон и Макрон на Париз му овозможуваат да продолжи со поддршка на Украина за одбрана од руската агресија и национално и преку европските институции.

Тоа ја оневозможува Ле Пен национално и континентално да наметнува политика на примирување со Путин(измот) што му ја нуди Централна, Источна и Југоисточна Европа „на чинија“.

Резултатите од изборите во Франција се потврда и на францускиот и на европскиот курс на проширување на ЕУ кон Украина, Молдова и Западниот Балкан, вклучително Северна Македонија, паралелно со зацврстување на одбранбените врски од двете страни на Атлантикот во и преку НАТО.

3. Сето ова ги ограничува маневарските простори на Орбан и неговите партнери во Братислава, Белград, Бања Лука, Подгорица и Скопје.

Ова особено откако политиките на европските центри од Варшава до Париз, вклучително самиот Брисел со новата Европска комисија, практично добија легитимитет за продолжување на досегашната политика:

– И во однос на Европа соочена со прва војна во своето географско подрачје по 1945-та

– И во однос на надворешната и на политиката на проширувањето на ЕУ.

4. Секако, резултатите од предвремените избори нема да ја решат целосно поларизацијата во француското општество, а формирањето на нивната коалициона влада ќе биде предизвикувачко.

Но и во францускиот, како и во други европски случаи: поларизацијата во општествата растеше правопропорционално со растот на авторитаристичките политички движења.

И бидејќи овие движења растеа паралелно со зацврстувањето на Путин во Кремљ, нивниот пад е поврзан со поразот на Путиновата агресија врз Украина.

5. Сето ова го вади лидерствата од Западниот Балкан вклучително на Северна Македонија „на отворено“: дали ќе се движат кон евроинтеграциите со сета поддршка и во Брисел и во соседството и „преку големата бара“ – или ќе ги саботираат своите нации.

Во нашиот случај, ова ќе се види веќе со (не)продолжувањето на ВМРО-ДПМНЕ во правец на нарушување на независноста на судството и сето она што ќе произлезе како последица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СВЕТОТ НА СПОРТОТ ВО ШОК: Откриено е…

Судењето на векот за смртта на Диего…

Македонци од Леринско повикани во полиција по…

Македонци од Леринско и Воденско во Грција…

Кина купила злато вредно 3,1 милијарди долари:…

Кина продолжува со стратегијата за акумулирање злато…

Трамп: Погрешно ме разбраа кога реков дека…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговите…

САД директно ќе пренесуваат стрелање на војник…

Пентагон најави телевизиски пренос „во живо“ од…