Објавено на:

По Киев јапонскиот премиер пристигна и во Буча: Историска посета во знак на солидарност

t

Јапонскиот премиер Кишида пристигна во Буча со воз попладнево, веднаш по пристигнувањето во Киев и пред средбата со претседателот Володимир Зеленски. Киев смета дека неговото доаѓање во земјата за време на војната е историско. Кишида е единствениот лидер на земја од групата Г7 кој досега не бил во Киев.

„Оваа историска посета е знак на солидарност и силна соработка меѓу Украина и Јапонија. Благодарни сме на Јапонија за нејзината силна поддршка и придонес за нашата идна победа“, напиша заменик-министерката за надворешни работи на Украина, Емине Џепар на Фејсбук.

Кишида е првиот јапонски шеф на влада по Втората светска војна кој посетил воена зона. Неговата посета се совпаѓа со престојот на кинескиот претседател Си Џинпинг во Москва.

Како одговор на пристигнувањето на јапонскиот премиер во Киев, руското Министерство за одбрана соопшти дека два руски стратешки бомбардери летале над Јапонското Море седум часа.

Кишида се среќава со Зеленски за да ја изрази својата „почит за храброста и истрајноста на луѓето што ја бранат својата татковина под негова команда, како и непоколебливата поддршка и солидарност на Јапонија и групата Г7“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…

Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…

Кличко: Украина никогаш нема да се предаде

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…

Венс: Украина не треба да биде членка…

Украина не треба да биде членка на…

1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…

Европските држави ќе одржат воена вежба за…

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…