По лебот, ќе се намалат цените и на тестенините и на млечните производи,ДПИ најави високи казни

t

Одлуката да се замрзнат цените на дел основните прехрамбени производи е добра но задоцнета, оценуваат граѓаните кои ги анкетиравме. Велат, владината мерка во моментов нема ефект бидејќи храната низ месеците наназад значително поскапела. Очекуваат да се интервенира и кај останатите основни намирници.

Граѓаните во моментов се најзасегнати од цената која ја достигна кашкавалот. Многу од нив и престанале да го купуваат.

Вчера Владата обелодени дека од следната недела млекото и млечните производи ќе поефтинат за 10% а тестенините за 15%. Ова следува откако цената на белиот и полубелиот леб се ограничи на максимум 33 денари. Пазарните инспектори се подготвуваат за засилени контроли и високи казни за непочитувачите на мерката.

„Во случај да се утврди прекршување на одлуките ќе следат казни кои произлегуваат од Законот за трговија. Казните се високи и изнесуваат од 800 до 10.000 евра, во зависност од големината и видот на економскиот оператор. Затоа апелираме да се почитуваат одлуките, а ние како институција постојано сме на терен, постапуваме во согласност со нашите надлежности.“ велат од Пазарниот инспекторат.

Од СДСМ велат дека со оваа мерка Владата се грижи за стандардот на граѓаните.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека замрзнувањето на цените на храната е од времен карактер и нема да функционира на подолг рок. Според нив, откако мерката ќе престане да важи на 31 мај повторно ќе има ценовен шок кој ќе биде на штета на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Демонстрантите во Тирана се обидоа да ги…

За време на вчерашниот протест во Тирана,…

(Видео) Голем пожар во индустриската зона на…

Голем пожар избувна во индустриската зона на…

Нема повеќе да роварат одвнатре – велат…

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија објави…

Денес започнува обврската за зимска опрема

Како и секогаш, и оваа година остануваме…

Кирил Петков: Русија сака да одлучува наместо…

Русија сака да одлучува наместо нас што…