По Макрон и Ердоган „жртва“ на протоколот на Трамп, принуден да чека на улиците на Њујорк

t

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се затекна во незгодна ситуација во Њујорк, откако полицијата го принуди да чека на тротоарот додека поминуваше конвојот на американскиот лидер Доналд Трамп.

Ердоган, кој беше во САД по повод Генералното собрание на ОН, беше запрен од страна на припадници на локалната полиција додека се обидуваше да ја премине улицата. Според извештаите, полицијата му го блокирала патот поради минувањето на колоната на Трамп, принудувајќи го турскиот претседател да чека извесно време.

Ердоган е уште еден светски лидер кого Доналд Трамп кој стана „жртва“ на протоколот на Трамп, со тоа што беше застанат на улиците на Менхетен за да направи место за американскиот претседател. Снимките од социјалните мрежи покажуваат дека турскиот лидер, кој изгледа видно изиритиран, чека на улица опкружен со телохранители.

Ова се случи само еден ден откако слична ситуација доживеа и францускиот претседател Емануел Макрон. Полицијата и него го запре и го принуди да чека на улица додека да помине придружбата на Трамп.

За разлика од смирената реакција на неговиот француски колега, реакцијата на Ердоган не била толку мирна. Настанот кулминираше со судир помеѓу телохранителите на Ердоган, кои се обидувале да ја отстранат металната ограда, и американските полицајци, кој сепак брзо завршил.

https://www.instagram.com/reel/DO-4noyDIJ8/?utm_source=ig_web_copy_link&igsh=MzRlODBiNWFlZA==

„Чекам на улицата затоа што сè е затворено поради тебе“: Автомобилот на Макрон сопрен од полиција во Њујорк поради колоната на Трамп

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Северна Кореја претстави сопствен ChatGPT, но политичките…

Северна Кореја претстави сопствен четбот со вештачка…

Санчез ја заврши кампањата со апел: Да…

Шпанскиот премиер во заминување, социјалистот Педро Санчез,…

Унгарците усвоија закон со кој политичарите се…

Унгарскиот парламент усвои закон со цел оддалечување…

(Видео) Не чекаме да нѐ „изненади”, делуваме…

Не чекаме да нѐ „изненади”, делуваме пред…

Зеленски со указ забранува медиумите да известуваат…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша указ со…