По масовна тепачка во училишен двор пет малолетници завршија во полициска станица

t

Сѐ почести се тепачките меѓу тинејџерите. Последниот случај е вчерашниот во Куманово. Случајот е документиран во МВР од каде велат дека на разговор биле повикани 5 малолетни кумановци.

„На 21.10.2022 година од 17.30 до 18.30 часот во ПС-Куманово, на службен разговор биле повикани пет малолетни лица од Куманово бидејќи заедно со група други малолетници околу 13 часот пред средното училиште во Куманово физички ги нападнале Ф.К.(18) и уште едно лице, двајцата од липковското село Слупчане, ученици во училиштето. Според извештајот, при тепачката биле употребени метални и тврди предмети и нанеле повреди“, наведоа од МВР.

Директорот на училиштето „Сами Фрашери“, Африм Алити, ги осуди насилните сцени. Тој вели дека до сега не добил информација дека во тепачката биле вклучени ученици од училиштето што го раководи.

„Го осудуваме она што се случи вчера, пред Гимназијата и Техничкото училиште “Наце Буѓони“. Тоа го осудуваме како непримерен настан. Кај мене како директор не стигнале никакви информации за вклученоста на наши ученици во тепачката. За вторник во 19 часот закажавме состанок со претседателството на Советот на родители за да се испита случајот и евентуалната вмешаност на некој од учениците од нашето училиште“, вели директорот Алити.

Социологот Али Пајазити вели дека денешната генерација најголем дел од времето го поминува на социјалните мрежи, каде насилството е присутно па според него тоа е една од главните причини што денешната генерација е импулсивна и насилна.

„Сето тоа е поттик да имаме генерација која нема трпение, која е импулсивна, која експлодира и реагира веднаш. Било во односите ученик-ученик или во односите ученик-наставник. Овој феномен зборува за етичка криза, или морална криза што е евидентна овде, но и на глобално ниво. Затоа, мора многу повеќе да се работи во образованието на новите генерации, почнувајќи од семејството и понатаму. Во споредба со претходните генерации кои беа посмирени, попочитувани, имаа почит кон авторитетот, почнувајќи од родителите, наставниците, постарите луѓе, во овој период, во оваа време, таа социјална пирамида одеднаш се урна“, вели психологот Пајазити.

Само во текот на минатиот месец се регистрирани 19 тепачки во кои учествувале тинејџери, а во 10 случаи и напаѓачот и нападнатиот биле на возраст под 18 години.

Извор: Алсат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Масовна тепачка на тинејџери во Белград,…

Како што дознава Телеграф.рс, најпрвин дошло до тепачка…

Две жени се степале во продавница во…

Полицијата информира за инцидент во кој две…

Групна тепачка во Гази Баба!

На 18.12.2023 во 22.40 часот во СВР…

Се урна училиште во Романија, четири деца…

Зграда на средно училиште во Романија денеска…

Масовна тепачка во училиште во Берлин: 49…

Сѐ започнало со расправија меѓу ученици околу…