Објавено на:

По масовните протести Трамп повлекува 700 ICE агенти од Минесота

t

Американската администрација ќе го намали бројот на агенти на федералната служба за спроведување на имиграцијата (ICE) распоредени во сојузната држава Минесота за 700, соопшти Том Хоман, директор на федералните гранични сили, познат како „цар на границата“.

На прес-конференција, Хоман изјави дека одлуката е донесена делумно поради зголемената соработка на локалните власти, особено управите на затворите. Тој додаде дека и покрај повлекувањето, околу 2.000 федерални агенти ќе останат активни во државата.

Одлуката доаѓа по масовните протести што се одржаа во петокот во Минеаполис, каде илјадници граѓани побараа целосно повлекување на агентите на ICE. Демонстрациите следеа по смртта на двајца цивили, кои во јануари беа застрелани од федерални агенти, што предизвика силни реакции во јавноста.

И покрај намалувањето на присуството во Минесота, Хоман нагласи дека имиграциската политика на администрацијата останува непроменета.

„Сакам да бидам јасен: претседателот Доналд Трамп има целосна намера да спроведува масовни депортации за време на неговиот мандат. Мерките за спроведување на имиграциските закони ќе продолжат секој ден низ целата земја“, изјави Хоман.

Според него, тоа е јасно изборно ветување на Трамп и курсот на администрацијата нема да се менува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израелскиот претседател му го довери мандатот на…

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…

Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…

Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…