Објавено на:

По операцијата Папата Франциск денеска се појави пред народот во Ватикан

t

Папата Франциск утрово на Плоштадот св. Петар во Ватикан се заблагодари за поддршката и пријателството за време на неговата хоспитализација по операцијата на абдоменот. Папата Франциск на почетокот на јуни беше опериран на абдоменот и во петокот беше пуштен од болницата Џемели во Рим по десет дена закрепнување. На неделниот Ангел Господов им се заблагодари на верниците за изразената поддршка.

„Сакам да изразам благодарност за љубовта, грижата, пријателството“, рече папата, кој во последните години имаше неколку здравствени проблеми„Таа човечка поддршка ми беше голема помош и голема утеха“, додаде тој.

Папата, кој се почесто се движи во инвалидска количка или потпрен на бастун, се појави како и обично стоејќи пред прозорецот од резиденцијата во Апостолската палата.

Тој го осуди „бруталниот напад“ врз средното училиште во Уганда кое беше цел на џихадистите, во кој загинаа најмалку 41 лице, главно ученици.

„Се молам за младите ученици кои беа жртви на брутален напад на училиште во западна Уганда“, рече Папата во земјата со мнозинско христијанско население.

Нападот на училиштето е најсмртоносниот во Уганда по двојниот напад во Кампала во 2010 година, во кој загинаа 76 лица, а одговорност за него ја презеде исламистичката група Шабааб со седиште во Сомалија. Папата изрази и „жалење и болка“ за поморската несреќа во Грција во средата вечерта кога потона брод со стотици мигранти. Седумдесет и осум тела се пронајдени, а многумина се водат за исчезнати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ватикан: Папата не бара од Украина да…

Директорот на Канцеларијата за медиуми во Ватикан,…

Косово отвора специјална мисија во Светата столица…

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, денеска соопшти…

Папата одобри давање благослов на истополови парови,…

Папата Франциско официјално ги овласти свештениците да…

Скандал во Ватикан: Кардинал оди во затвор…

Поранешниот заменик државен секретар на папата, кардиналот…

Папата Франциск до верниците: Заземете ја страната…

Папата повика да се направат сите можни…