По Париз и Мадрид ќе забрани изнајмување на електрични тротинети

t

Мадрид најави дека ќе го забрани изнајмувањето на електрични тротинети, со што ќе стане втор европски главен град по Париз што ја презема таа мерка поради зголемениот број несреќи во кои најчести жртви се пешаците.

Градската власт на Мадрид соопшти дека забраната ќе стапи на сила на 1 октомври.

Ги повлекуваме сите дозволи за компаниите да изнајмуваат е-тротинети на улиците на градот“, напиша на мрежата Икс конзервативниот градоначалник на Мадрид, Луис Мартинез Алмеида.

Тој рече дека приоритет е безбедноста на граѓаните на Мадрид.

Три компании кои имаат лиценца за изнајмување 6.000 електрични скутери ќе мора да ги отстранат од улиците бидејќи не го испочитуваа условот што го поставивме – да ја гарантираат безбедност на пешаците, пред се на старите лица, напиша градоначалникот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Осомничените се обиделе да ги прегазат полицајците,…

Независниот синдикат на полицијата најостро ги осуди…

Камала Харис жестоко го нападна Трамп: Неговата…

Поранешната американска потпретседателка Камала Харис упати остри…

Полска со алармантно предупредување до НАТО: Русија…

Полска упати сериозно предупредување до сојузниците во…

Американската армија подготвува војници за препознавање на…

Американската армија издаде нов теренски прирачник наменет…

Шокантни детали од „енергетското примирје“ на Трамп:…

Таканареченото „енергетско примирје“ што американскиот претседател Доналд…