Објавено на:

По пауза од две години: Реал Мадрид повторно шампон на Шпанија – “Кралевите” недостижни за ривалите

t

Реал Мадрид и со комбиниран состав успеа да го победи Еспањол (4-0) и на четири кола до крајо ја обезбеди титулата во Примера. По две години, шампионскиот трофеј се враќа во витрините на „кралевите“ на Карло Анчелоти.

Титулата во Примера остана во Мадрид, но овојпат од Атлетико се префрла кај градскиот ривал Реал.

„Кралевите“ имаат уште четири меча до крајот на сезоната. Но, веќе направија недостижна предност пред ривалите, со денешното славје во дуелот со Еспањол. Тоа им овозможи нова радост во домашното првенство, по пауза од две години.

За најтрофејниот тим во Шпанија ова е 35-та титула во историјата. „Кралскиот“ клуб се одлепи од Барселона, која има 26 трофеи, а Атлетико заостанува со 11 успеси во домашниот шампионат.

Во тековната сезона мадриѓани покажаа најдобра форма и заслужено завршија на првата позиција. Конкурентите имаа сезона за заборав, а тоа беше максимално искористено од страна на екипата на Карло Анчелоти.

Извор: Гол.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Италија ја продолжува суспензијата на Шенгенскиот договор…

Италија ја продолжи суспензијата на Шенгенскиот договор…

Поранешна шпанска министерка: Сеута беше „хибриден напад“…

Масовното влегување на околу 80.000 мигранти од…

ЕУ ѝ дава на Шпанија 115 милиони…

Европската унија соопшти дека ѝ доделува на…

Во Шпанија топлотниот бран трае 61 ден

Во 2026 година во Шпанија се регистрирани…

Во Шпанија повеќе од 5.000 смртни случаи…

Повеќе од 5.000 смртни случаи поврзани со…