По пет рунди гласање: Лиз Трас и Риши Сунак се двајцата кандидати за лидери на Конзеративната партија
Доскорешниот министер за финансии Риши Сунак и актуелната министерка за надворешни работи на Велика Британија, Лиз Трас, по петата рунда гласање на пратениците, се двата кандидати за лидерското место во британската Конзервативна партија.
Во денешниот последен круг од гласањето на ториевците во Парламентот за наследник на Борис Џонсон на лидерското место во британската Конзервативна партија и на премиерската функција, министерката за трговијаПени Мордон доби 105 гласа, Трас 113, а за Сунак гласаа 137 пратеници.
Досега гласаа пратениците од Конзервативната партија, при што беа елиминирани кандидатите кои освоија најмал број гласови. Сега кога останаа двајца кандидати нема да одлучуваат пратениците туку сите 180.000 членови на Конзервативната партија. Името на победникот ќе биде објавено на 5 септември.
Британскиот премиер Џонсон на 7 јули објави дека се повлекува од функцијата шеф на Владата и партијата, откако повеќе од 50 членови на Владата поднесоа оставки, незадоволни од неговото одбивање да се повлече по неколку скандали. Меѓу нив беше и Сунак, кој поднесе оставка два дена пред Џонсон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вреди одржува прв конгрес како партија, меѓу…
Коалицијата Вреди попладнево во Скопје одржува Конгрес…
Британија и Франција клучни за европската одбрана,…
Поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог…
Албански сојуз е новото име на партијата…
Откако Алијанса за Албанците предводена од Арбен…
Шест од десет Британци сакаат државата да…
Британскиот премиер Кир Стармер повика на „подлабоки…
Илјадници патници заглавени меѓу Британија и Франција…
Проблеми со напојувањето во Евротунелот (Channel Tunnel)…