По ракетните напади, Амбасадата со препораки за Македонците во Саудиска Арабија

t

Амбасадата на Македонија во Абу Даби упати итно предупредување до македонските државјани кои престојуваат во Саудиска Арабија, особено во Ријад, поради влошената безбедносна состојба и серијата ракетни и напади со беспилотни летала.

Граѓаните се повикуваат да бидат крајно внимателни и да ги следат упатствата на саудиските надлежни институции. При активирање сирени или безбедносна тревога, веднаш треба да влезат во затворен простор и да се оддалечат од прозорци и стаклени површини.

Се препорачува избегнување јавни собири, воени објекти и пограничниот појас со Јемен. Амбасадата потсетува и дека фотографирањето, снимањето и споделувањето снимки од нападите е забрането според саудиските закони.

Поради можни одложувања и откажувања на летови, патниците се советуваат да го проверат статусот на летот со авиокомпанијата пред да тргнат кон аеродромот во Ријад.

За итна помош, македонските државјани можат да се обратат на дежурниот телефон на Амбасадата во Абу Даби: +971 56 441 7532.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јутјуберот Богдан Илиќ ќе добие кривична –…

Според Кривичниот законик на Србија, на Богдан…

Лајен: Неопходен е прекин на огнот во…

Прекин на огнот во Украина е од…

ЕВН Хоум го објави новиот тендер за…

ЕВН го распиша новиот тендер за набавка…

Пожарот кај Бит-пазар ставен под контрола, зафатени…

Пожарот што избувна во куќи во близина…

ЕУ беше неправедна кон Македонија, но уставните…

На прашањето дали отсуството на Северна Македонија…