По Рама, и Вучиќ би прифатил членство во ЕУ без право на вето

t

Белград – Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека Србија е подготвена да се откаже од правото на вето доколку тоа овозможи побрз влез во Европската унија, објави германскиот дневник Frankfurter Allgemeine Zeitung (FAZ).

„За Србија е прифатливо членство без право на вето“, изјавил Вучиќ за весникот, нагласувајќи дека најважни приоритети за земјата се заедничкиот европски пазар и слободното движење на стоки, луѓе и капитал.

Според FAZ, ваков став претходно изразил и албанскиот премиер Еди Рама, кој во јануари изјавил дека е подготвен да потпише договор со кој неговата земја би се откажала од правото на вето, со цел да стане членка на Европската унија.

„Воведете нè во Европа и подготвен сум да потпишам договор во кој јасно се утврдува дека не сакаме право на вето“, изјавил Рама.

Германскиот весник наведува дека ваквиот модел е контроверзен и предизвикува дебата меѓу европските политичари и експерти, бидејќи би можел да доведе до создавање на членки со различен степен на влијание во Унијата.

Во исто време, други земји кандидати, како Црна Гора, јавно ја отфрлаат можноста за членство без право на вето.

Прашањето за правото на вето е едно од клучните во дебатата за идното проширување на Европската унија, бидејќи некои европски лидери сметаат дека тоа право често ја ограничува способноста на Унијата да носи одлуки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Техеран тврди: Саудискиот министер за одбрана предупредил…

Иранскиот шеф за национална безбедност, Мохсен Резаи,…

Тврдења за обид да се спречи слетувањето…

Во Полска се појавија медиумски тврдења дека…

Масовна тепачка пред СЦ „Јане Сандански“во Аеродром,…

Масовна тепачка вечерва се случила на крстосницата…

Русите имаа огромни суми пари кај нас:…

Работата на Алта банка по изборите беше…

Четири лица уапсени по инцидентите пред Уставниот…

Четири лица се уапсени во петокот вечерта…