Објавено на:

По Света Софија, во Истанбул, уште една црква-музеј стана џамија

t

По Света Софија, во Истанбул, уште една црква-музеј стана џамија.
Според турски Сабах, џамијата Карие, која се наоѓа во центарот на Истанбул, утре по 79 години ќе биде отворена за верниците.
Како што е најавено, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, ќе присуствува на церемонијата преку телеконференција од Анкара.


Православната црква на хорот или црквата на Христос Спасителот , изградена во IV век, била претворена во џамија во 1511 година. Таа била претворена во џамија од Атик Али-паша, еден од големите везири на Бајазит, а оттогаш работи под имињата „Атик Али-пашина џамија“ и „Карије џамија“. Мозаиците и фреските, кои се сметаат за врв на византиската уметност, потоа биле покриени со слој од гипс.


Со официјална одлука на властите, на 2 август 1945 година, зградата доби статус на музеј и беше една од најпосетуваните туристички атракции од византискиот период во Константинопол, заедно со Света Софија и цистерната базилика.
Пред четири години, со одлука на претседателот Ердоган, таа повторно беше префрлена во надлежност на Претседателството за верски прашања.
Тогаш започна реставрацијата на овој значаен историски објект за верниците повторно да се молат таму, пренесува Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Крум Ефремов ќе биде македонски амбасадор во…

Во тек се подготовките за заминување на…

Аеродромот во Истанбул вчера постави рекорд по…

Меѓународниот аеродром во Истанбул постави европски рекорд…

(Видео) Тинејџери убија три лица во џамија…

Двајца тинејџери напаѓачи смртно застрелаа тројца мажи…

Предлог Дара да биде прогласена за почесен…

Претседателот на Општинскиот совет на Софија (ОСС),…

Се собираат донации за црквата „Св. Ѓорѓија“…

На социјалните мрежи се појави апел за…