По скандалот со непуштањето на членови на ВЛЕН во Албанија, Касами се сликаше: „Во убавата Тирана“

t

Еден од лидерите на ВЛЕН и градоначалник на Тетово, Билал Касами на социјалните мрежи сподели фотографија со неколку други лица, два дена откако на граница не беше пуштен член на партијата преку граница.

„Со пријатели и колеги на кафе во убавата Триана“, напиша тој на Фејсбук.

Претходно, беше објавено дека по едночасовно чекање на граничниот премин „Ќафасан“ на македонско-албанската граница, полициски службеници од Албанија одбиле влез на едно лице во земјата кое патувало заедно со пратениците во македонското Собрание, Беким Ќоку и Аднан Азизи од владејачката партија Влен, но и заменик-генералниот секретар во Владата, Хасим Муртезани.

По овој настан, координаторот на Влен, Ќоку во изјава за медиумите рече оти не знае зошто воопшто дошло до ваква ситуација кога сите тројца функционери приложиле дипломатски пасоши. Вели рутински преглед кој би требало да трае пет минути, за нив траел еден час без никакво објаснување, а ситуацијата ја нарече апсурдна и бесмислена.

„Јас, заедно со Аднан Азизи, пратеник, и Хасим Муртезани, заменик-генерален секретар на Владата и неколку други државни функционери имавме работа во Тирана. Кога пристигнавме на „Ќафасан“, тројцата бевме со дипломатски пасоши, она што требаше да биде рутинска контрола која трае само пет минути, за жал албанските гранични службеници нè држеа таму, нè држеа повеќе од еден час без да ни дадат никакво објаснување зошто не можеме да ја преминеме границата, а на едниот од нас кој беше во другиот автомобил му беше забранет и одбиен влез во Албанија. Во моментот кога бевме информирани дека на еден од нашите сонародници му е одбиен влез, решивме да се вратиме, и сè уште не разбираме зошто се случи ова“, рече Ќоку.

Поддршка за пратениците на Влен пристигна од лидерот на пратеничката група на Демократска партија на Албанија, Газмент Барди кој рече оти ниту една институција на Албанија нема право да се однесува на овој начин кон легитимните претставници на Албанците од Македонија. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…

Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…

Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…

Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…

АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…

Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…

Иран отвори прв воен камп за обука…

Иран го отвори својот прв воен камп…