По снимките во кои зборува за притисок од бугарската тајна полиција, Михаилова сега вели дека никој не ја принудувал на ништо
Ива Михаилова денеска преку Фејсбук порача дека никој во Бугарија не ја принудувал да прави што било. Нејзината реакција следува откако бугарскиот јутјубер Станислав Цанов синоќа објави делови од тајно снимени разговори во кои таа му раскажува за притисок од бугарската Државна агенција за национална безбедност (ДАНС).
„Сакам да нагласам дека никој во Бугарија не ме принудувал да правам што било. Тука добив помош, грижа и поддршка. Ја чувствувам поддршката на целиот бугарски народ и таа ми дава сила секој ден“,напиша Михаилова.
Во објавата таа не ги споменува по име ниту Цанов ниту ДАНС и не ги коментира конкретните наводи од снимките. Вели дека не сака да биде дел од политички спорови и дека повеќе нема да се изјаснува на оваа тема.
„Најважно ми е во моментов целосно да закрепнам. Се лекувам и правам сè што можам за повторно да можам нормално да одам. Ве молам, оставете ме да се лекувам во мир“,порача Михаилова.
Како што објави „360 степени“ синоќа, во еден од разговорите Михаилова му вели на Цанов: „Рехабилитацијата ми зависи од нив“. Му раскажува дека откако веќе имале договорено интервју, од ДАНС ѝ кажале дека прво мора да гостува кај Карбовски, кому, според нејзините зборови, можеле да му одредат кои прашања да ѝ ги постави. Ако претходно зборува кај друг, му вели Михаилова на Цанов, ја предупредиле дека ќе остане без помошта за рехабилитација и за адвокати.
Михаилова е во Бугарија, а во Основниот суд во Кочани ѝ се суди во отсуство за сообраќајната несреќа на патот Штип – Кочани, во која загина 33-годишниот Бесим Дурмиши. На рочиштето на 9 ноември судот го одби нејзиното барање да учествува преку видеоврска од Бугарија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По снимките во кои зборува за притисок…
Ива Михаилова денеска преку Фејсбук порача дека…
Женска тепачка кај Бит Пазар – скопјанка…
МВР информира дека доцна синоќа во 22:20…
Македонскиот кардиолог Сашко Кедев влезе во Гинис…
Македонскиот кардиолог, професор и алпинист Сашко Кедев…
Рекорден број Руси заминуваат во Грузија, Ерменија…
Сè повеќе Руси ја напуштаат земјата, а…
Демонстрантите во Тирана се обидоа да ги…
За време на вчерашниот протест во Тирана,…