Објавено на:

По Соледар ќе падне и Бахмут? Западни и украински аналитичари повикуваат украинските војници да го напуштат градот

t

Западните и украинските официјални лица и аналитичари ги повикуваат украинските војници да го напуштат Артемовск за да се повлечат на нова линија на одбрана, пишува Волстрит журнал.


Според изданието, голем број западни и украински функционери, војници и аналитичари се повеќе се загрижени дека Киев дозволил да биде вовлечен во битката за градот „по условите на Русија“. Забележано е дека поради ова, украинските војници ги загубиле силите неопходни за планираната пролетна офанзива.


„Некои од нив, западните и украинските официјални претставници и аналитичари тврдат дека има смисла да се повлечат во нова линија на одбрана на височините западно од Бахмут додека таквото повлекување сè уште може да се организира“.

Градот Артемовск (украинско име – Бахмут) се наоѓа во делот на ДНР контролиран од Киев, северно од големиот град Хорливка и е важен транспортен центар за снабдување на украинската група војници во Донбас. Низ овој град минува мрежа од патишта и железници.

Вчера групата Вагнер соопшти дека целосно го зазела градот Соледар, а шефот на Вагнер најави дека следни на листата се Бахмут и Северск.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украинците се пофалија: Овоивме село јужно од…

Укаинската амрија се пофали денес дека нејзините…

Зеленски го посети фронтот кај Бахмут

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ја…

Украински командант тврди: Заробивме руски војници во…

Командантот на украинската армија Александар Сирски тврди…

Српски доброволец загина во Бахмут: Бил член…

Гласините дека двајца српски доброволци загинале во…

Руското МО: Киев распоредува војска околу Бахмут,…

Киев концентрира неколку бригади за офанзива во…