Објавено на:

По средбата со Зеленски, Џонсон вети нова воена помош за Украина

t

Дополнителен пакет воена помош за Украина, вети британскиот премиер Борис Џонсон при денешната посета на Киев.

Џонсон се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски на Денот на независноста на Украина.

Како што соопштија од кабинетот на Џонсон, пакетот од 63,5 милиони долари ќе вклучува и 2.000 дронови со што ќе ѝ се овозможи на украинската армија подобро да ги следи и цели руските сили.

„Велика Британија ќе продолжи да биде покрај нашите украински пријатели. Верувам дека Украина може и оти ќе победи во оваа војна“, напиша британскиот премиер на Твитер.

Тој ја пофали Украина поради нејзиниот „нескршлив“ отпор. Според него, сега не е време за унапредување на „слабиот план за преговори“. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…

Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…

Кличко: Украина никогаш нема да се предаде

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…

Венс: Украина не треба да биде членка…

Украина не треба да биде членка на…

1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…

Европските држави ќе одржат воена вежба за…

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…