Утрото студено, преку ден променливо облачно
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утрото е студено со појава на магла по одделни котлини. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремен локален дожд. Минималната температура ќе се движи од -6 до 1, а максималната од 8 до 16 степени.
И во Скопје утрово во делови од котлината има магла. Преку ден ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 12 степени.
Според УХМР, од среда до сабота под влијание на серија влажни воздушни бранови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни. Ќе дува засилен до силен ветер (над 70 km/h). Поради продор на постудена воздушна маса од север во петок во текот на ноќта и во сабота врнежите од дожд ќе преминуваат во снег на планините и на повисоките места. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД со глобално предупредување до своите граѓани:…
Американскиот Стејт департмент издаде Worldwide Caution –…
САД со серија безбедносни предупредувања низ Блискиот…
Во период од само неколку часа, американските…
Ле Пен и Бардела со драматична промена…
Француската десница испрати едно од своите најостри…
(Видео) Додека Европа се подготвува за војна…
Во момент кога Европа е во состојба…
Унгарија ќе им исплаќа пари за гориво…
Унгарија ќе им исплаќа по 5.000 форинти,…