По три месеци пронајдено исчезнато момче од Мавровско

t

Момче на возраст од 25 години, кое било пријавено за исчезнато на 4-ти септември, вчера било пронајдено во Дебар. Како што информираат од СВР Охрид, момчето е по потекло од селото Требиште, Општина Маврово Ростуше.

– Вчера во 13.00 часот, при контрола во возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, извршена на улицата „8 Септември“ во Дебар, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи – Дебар го пронајдоа И.Ј.(25) од селото Требиште, Општина Маврово Ростуше, кој беше пријавен за исчезнат на 4-ти септември – за „Фокус“ потврдија од СВР Охрид.

Додаваат дека автомобилот во кој било пронајдено лицето не бил пријавен за исчезнат.

– Имавме претходни сознанија за евентуално движење на исчезнатото лице, според тие сознанија и беше пронајдено во тек на вчерашниот ден. Момчето е во добра состојба, нема никакви проблеми, но се уште немаме информација каде било во времето додека се водеше за исчезнато – информира Стефан Димоски, портпаролот на СВР Охрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УБИЕНОТО ДЕТЕ ВО ПРИЛЕП ИМА САМО 14…

Момче на 14 годишна возраст синоќа околу…

По три месеци пронајдено исчезнато момче од…

Момче на возраст од 25 години, кое…

Претепано момче од 22 години поради долг

Во парк шумата Гази Баба, вчера по…

Пронајдено 16-годишното девојче од Скопје кое исчезна

Полициски службеници го пронајдоа 16-годишното девојче кое…

Тринаесет годишно момче го погодило гром на…

Тринаесетгодишно момче за малку ќе загинело од…