По украинските напади рускиот град Белгород затвора трговски центри и училишта
Гувернерот на руската област Белгород, која е цел на постојани напади од соседна Украина, денеска најави дека во наредните денови ќе бидат затворени трговските центри и училиштата во главниот град на тој регион, Белгород.
-Имајќи ја предвид моменталната ситуација, одлучивме трговските центри во Белгород да бидат затворени во недела и понеделник – изјави гувернерот Вјачеслав Гладков.
Гувернерот додаде дека училиштата исто така ќе останат затворени во понеделник и вторник во тој град и во осум области во регионот.
Тој објави дека двајца цивили загинале во украински артилериски напад на Белгород, а петмина се повредени денеска при удар на возило во селото Глотово, на околу два километри од украинската граница и дека напад на украинско беспилотно летало предизвикало пожар во нафтена рафинерија во регионот Самара.
Украинските напади на руската погранична територија следеа еден ден по рускиот напад на украинското пристаниште Одеса, каде загинаа 20 лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес ја погоди Албанија
Силен земјотрес ја погоди Албанија вечерва, јави…
Светот може да здивне: Иран официјално објави…
Денес, во порака до нацијата, претседателот на…
Томовски: Претходната влада трошеше недомаќински
Директорот на Службата за општи и заеднички…
Нетанјаху: Остваривме историска победа, му благодарам на…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата…
Руте: Незамисливо е Русија да нè престигне…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…