По четврти пат пропадна обидот за конституирање на Собранието на Косово
Денеска повторно, по четврти пат, пропадна обидот за конституирање на косовскиот парламент, бидејќи кандидатката за претседател од Самоопределување, Албуљена Хаџиу, не доби доволен број гласови, пренесе Бета.
Пратеникот од Самоопределување, Глаук Коњуфца, изјави дека тие и понатаму го предлагаат истото име, Албуљена Хаџиу, и нагласи дека, со оглед на тоа што другите партии се изјаснија против нејзиниот избор, потребно е дополнително време за консултации.
Бидејќи видовме дека сите политички партии уште вчера најавија дека ќе имаат ист став, мислам дека во оваа политичка ситуација решение може да се најде само со политички договор. Без формирање мнозинство овде во Собранието за претседател на Собранието, не може ни самото Собрание да се конституира. Истата логика важи и за потпретседателите. Затоа, господине претседавач, бараме дополнително време за да не се повтори истата ситуација што ја имавме трипати по ред во Собранието, истакна Коњуфца.
Привремениот претседавач Авни Дехари потоа соопшти дека седницата ќе продолжи в среда.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЕСЕТМИНА ПРИВЕДЕНИ ВО СРБИЈА: Осомничени дека со…
Српското Министерство за внатрешни работи спроведе акција…
Трамп не се помирува со поразот: Објави…
Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи по…
Мицкоски од Диселдорф: Македонија 15 години не…
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Македонија веќе…
Во Солун уапсен маж кој се барал…
Во Солун синоќа бил уапсен 43-годишен маж,…
Клековски најави формирање комисија за случајот со…
Министерот за здравство Сашо Клековски најави формирање…