По 11 години Охрид ќе добие затворен базен, обезбедени 470 милиони денари
Владата на редовна седница ја усвои точката со која се овозможува продолжување и конечно завршување на изградбата на затворениот базен во Охрид, капитален спортски проект чија реализација започна уште во 2015 година, соопштија оттаму, додавајќи дека станува збор за еден од најзначајните спортско-инфраструктурни проекти во Охрид, којшто речиси 11 години останува незавршен.
По преземањето на надлежностите, Министерството за спорт пристапи кон темелна анализа и ревизија на состојбата на проектот, со цел да се утврдат сите технички, финансиски и административни пречки коишто со години го оневозможуваа неговото завршување. Како резултат на спроведената ревизија, Министерството презеде конкретни чекори за надминување на затекнатите проблеми, меѓу коишто и неопходната измена на основниот проект, со што се создаваат услови изградбата конечно да продолжи, се вели во влдиното соопштение.
За целосно завршување на затворениот базен во Охрид се обезбедени 470 милиони денари.
Со ова, по повеќе од една деценија неизвесност и застој, еден од најголемите спортско-инфраструктурни проекти во државата добива јасна перспектива за конечно завршување. Затворениот базен е инвестиција од огромно значење не само за Охрид туку и за развојот на пливачките спортови во целата држава. Неговото завршување ќе обезбеди современи услови за тренинг на спортистите, развој на младите категории, организирање натпревари и дополнително унапредување на спортската инфраструктура во градот, велат од Влада.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ одобри 10 милиони евра за Бугарија…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Димитриеска-Кочоска: Ребалансот е навремена реакција на новите…
Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година…
Рубио: Трамп мисли дека Израел е доволно…
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…
Уапсен е тетовец – нападна две деца…
Жител на тетовското село Требош (51) бил…
Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја…
Министерството за внатрешни работи со проектот „Безбеден…