По 12 години технички дефекти, пуштен во употреба најмоќниот нуклеарен реактор во Франција
Најмоќниот нуклеарен реактор во Франција беше пуштен во употреба на 21 декември, што локалните власти го оценија како значаен момент и покрај долгогодишните одложувања и неуспеси во реализацијата на овој проект. Станува збор за реакторот на нуклеарната централа Фламанвил во Нормандија. Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека е еден од најмоќните нуклеарни реактори во светот и рече дека реиндустријализацијата во производството на енергија со ниски емисии на јаглерод го претставува „францускиот еколошки стил“, пишува Кликс.ба. Овој реактор е четврти реактор од ваков вид во светот.
Има моќност од 1.600 мегавати и треба да снабдува со струја два милиони домови. Тој беше пуштен во употреба по 12-годишно доцнење предизвикано од мноштво технички дефекти. Првично беше проценето дека изградбата на овој реактор ќе чини 3,3 милијарди евра, но на крајот чинеше 13,2 милијарди евра. Француските нуклеарни централи произведуваат три петтини од вкупната електрична енергија во земјата, која може да се пофали со една од најголемите нуклеарни програми во светот. Од друга страна, Германија минатата година ги затвори последните три нуклеарни реактори, пишува Франс24.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грозданова: Четири сомнителни случаи во Хрватска беа…
Информациите за четири сомнителни случаи на остеитис…
„Тешко е да се живее со депресија“…
„Тешко е да се живее со депресија“,…
ВМРО-ДПМНЕ: Мастер-планот на Филипче е да дојде…
ВМРО-ДПМНЕ реагираше на ставовите на лидерот на…
Зеленски го осуди договорот на Трамп со…
Володимир Зеленски ја осуди објавата на Доналд…
Над 300 милиони луѓе во светот немаат…
На 10 октомври секоја година се одбележува…